Приказната за најмладата баба на светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Романката Рифка Станеску официјално е најмладата баба на светот.

 

Таа ја родила ќерката Марија кога имала 12 години и наспроти советите до ќерката да не ги следи нејзините стапки, таа забременила и родила на 11 години.

 

Младата баба од селото Ивести во Романија, вели дека ја советувала ќерката да оди во училиште, но попусто.

 

„Среќна сум што станав баба, но сакав поинаков живот за Марија. Нејзиниот Јон е добар дечко, се сврши со неа уште кога имаше осум години. Добро е да се имаат машки деца бидејќи тие не патат како девојчињата“, изјави тогаш 23-годишната Рифка за британски „Sun“.

 

Рифка, која сега има 25 години, се спротиставила на нејзиното семејство и побегнала со сопругот, продавач на накит, кога имала 11 години. Таа и Јонел се венчале и набрзо потоа останала бремена. Интересно е што со ваквиот потег таа побегнала од договорен брак што нејзиното семејство го имало испланирано за неа.

 

„Сакав да се омажам за него. Откако побегнав со него, секоја вечер бевме заедно и немаше никој и ништо што можеше да нѐ раздели“, вели Рифка.

 

Таа припаѓа на ромска заедница во Романија каде е вообичаено девојките да се мажат многу млади.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи