Европскиот парламент ја повика Унгарија да го екстрадира Груевски

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија на патот кон членство во ЕУ, а во него се најде и повик до Унгарија да го екстрадира избеганиот осуден експремиер Никола Груевски. Пратениците од Европскиот парламент ги усвоија амандманите со кои се бара од Унгарија експремиерот Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија.

 

Aмандмани беа поднесени од Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена. Во амандманот на зелените се бара екстрадиција и се нагласува дека Груевски од Македонија побегнал со дипломатски пасош од Унгарија. Понатаму е оценето дека ваквиот потег претставува мешање во внатрешните работи на Македонија. Социјалдемократите пак поднесоа два амандмани за азилот на Груевски во кои е нагласено дека експремиерот добил транспарентен судски процес во Македонија и треба да одговара за уште пет кривични истраги.

 

Европскиот парламент сепак нема надлежност околу екстрадицијата и станува збор исклучиво за политичка порака и јавен притисок врз Унгарија, но без обврзувачка сила.

 

Парламентот исто така ги отфрли и сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски” од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.

 

За резолуцијата гласаа 470 европратеници, а против беа 116.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи