Затвореник од САД призна дека убил 90 лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Американските безбедносни служби го истражуваат случајот на притворен убиец кој признал дека во текот на последните четири децении извршил 90 убиства, објави во четвртокот Би-Би-Си.

 

Американското Федерално биро за истраги (FBI) верува дека 78-годишниот Семјуел Литл би можел да биде „најефикасниот“ сериски убиец во американската историја.

 

Државните и федералните агенции сега се обидуваат да ги според неговите искази со смртните случаи меѓу 1970 и 2005 година. Иследниците тврдат дека веќе го поврзале со 34 убиства и дека работат на потврдувањето на многу други.

 

Литл во моментов отслужува доживотна казна откако во 2014 година е осуден за убиство на три жени. Притворен е од септември 2012 година кога е уапсен во засолниште за бездомници во Кентаки и предаден на Калифорнија, каде што бил баран поради обвинение поврзано со дроги.

 

Примероци од неговата ДНК кога се поврзани со нерешени убиствата на три жени од Лос Анџелес меѓу 1987 и 1989 година. Сите три жртви биле претепани и задавени. Литл на судот тврдел дека не е виновен, но на крајот е осуден на три доживотни казни без можност за помилување.

 

Тој и претходно имал богато криминално досие со злосторства како што се силувања и вооружени грабежи. Само за два случаи постоеле сомнежи дека би можел да биде и убиец, и тоа во 1980 година кога го привеле поради исчезнувањето на две жени од Мисури и Флорида, кога е ослободен поради недостиг од докази.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи