САД испрати воени бродови низ Тајванскиот теснец – Кина загрижена

Facebook
Twitter
Email
Print

Кина соопшти дека изразила загриженост до Вашингтон поради минувањето на два американски воени брода низ Тајванскиот теснец и тоа пред планираниот состанок меѓу претседателите на двете земји Си Џинпинг и Доналд Трамп на самитот на Г20 во Аргентина.

 

„Им ја пренесовме на американците нашата загриженост. Прашањето на Тајван се однесува на кинескиот суверенитет и територијален интегритет. Тоа е најважното и најосетливо прашање во кинеско американските односи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

 

Од американската воена морнарица е соопштено дека минувањето низ Тајванскиот теснец бил рутински маневар и во согласност со меѓународното право.

 

“Морнарицата на САД ќе продолжи да лета, да плови и да работи насекаде каде што дозволува меѓународниот закон”, изјави портпаролот на американската пацифичка флота, Рејчел Мек Марр.

 

Според тајванското Министерство за национална одбрана, американските бродови го завршиле својот рутински премин доцна синоќа, откако влегле во тајванскиот теснец од североисточниот правец рано изутрината.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи