Шест медали од шест натпреварувачи за ЏК Бушидо на државното првенство за деца и сениори

Во Скопје во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ се одржа Државно Првенство во џудо за деца и сениори. На истото учество зедоа 10 тина клубови од Македонија со над 100 натпреварувачи. Џудо клубот Бушидо се натпреваруваше со 6 учесници и освои 6 медали ( 2 први, 2 втори и 2 трети места ).

 

Теодора Ристеска, 1 место категорија – 48 кг. сениорки . За една година спои 3 титули првак во кадети, јуниори и сениори

 

Сара Атанасоска 1 место -70 кгр сениори, сениорски првак до -70 кг

 

Кочоска Мaтеја. вице првак во – 60 кгр сениорки

 

Марија Талеска, 3 место сениорки

 

Филип Стојкоски, 2 место категорија деца

 

Матеа Илиеска, 3 место категорија деца

 

По покана на џудо клубот „Бамби“ од Пожаревац, Србија, Бушидо за прв пат ќе земе учество на Меѓународниот турнир кој ќе се одржи на 8 декември. Од клубот ќе земат учество кадети, постари пионери и помлади пионери.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи