ВИДЕО – Македонската економија во моментов нема да може да издржи ново покачување на минималната плата

Македонската економија во моментов нема да може да издржи ново покачување на минималната плата или пак доколку се случи тоа покачувањето би било минимално. Ова го покажала студијата на Finance think, според која покачувањето на платата мора да оди заедно со зголемувањето на економскиот раст, a не со законски мерки на Владата, во спротивно би дошло до затворање на работните места. Исто така било евидентирано дека покачувањето на минималната плата донесло и кршење на работничките права.

 

 

„На работниците им било побарано да вратат дел од платата во кеш, не им биле платени согласно законот деновите од одморот или прекувремените работни часови. Што е тесно позаврно со инспекцискиот надзор во овој дел. Од што произлезе препораката дека ваквиот пораст на минималната плата мора да биде проследен сио јакнење на инспекциските служби со цел таа да се псроведува како што е напишана на хартија“, рече Марјан Петрески, универзитетски професор.

 

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека досега никој лично не им се обратил работничките права се кршеле на ваков начин.

 

„Во оние фирми каде што ние како ССМ имаме наши членови ова се исплаќа. Слушаме отсекаде дека не се исплаќа миинималнмата плата, дека некои работници враќаат пари итн. Но но тоа не можам да го потврдам и ние оставаме тоа да го работат и проверуваат инспекторите на трудот. Кај нас имаме правна служба се обраќаат работници за проблеми но за ваков проблем досега никој не ни се обратил“, вели Љубица Дековска, ССМ.

 

Исто така со минималната плата не била регулирана 1/3 од работната сила во Македонија која спаѓала во неформалниот сектор. Се правеле напори да се намали овој дел од сивата економија.

 

„Законот за минимална плата, односно покачувањето на минималецот секако дека од друга страна предизвикува трошоци за работодавачите.Тука со последните измени на законот интервенира Владата давајќи олеснувања на компаниите пред се на оние кои работат со загуби, за да им овозможат оние работници кои примаат плата под минималецот да го достигнат тоа минимално ниво косе сега изнесува околу 12.000 денари. Секако дека ваквите мерки кои доаѓаат како помош на компаниите, особено на оние кои што не остваруваат високи профити или работат во загуба секако е неопходен за да може да се обезбеди таа минимална плата“, изјави Димитар Николоски, универзитетски професор.

 

Предизвиците околу минималната плата денеска беа презентирани пред прилепските стопанственици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи