Од 10-ти до 13-ти Декември во маркетите на Тинекс, Бонита, Џими маркет, Пано, Пата и Форум во Прилеп ќе бидат поставени кошници за донација на храна. Сите добронамерници кои ќе пазарат ќе имаат можност да донираат од производите во кошницата. Оваа хуманитарна акција е во организација на Здружение Епилепсија Македонија, Црвениот крст на град Прилеп и поддржана е од Општина Прилеп.
„Целта е да собереме храна пред големиот христијански празник Св. Никола воедно и заштитник на нашиот град Прилеп и да се водиме по неговиот пример бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со голема и племенита љубов па во тој поглед сакаме и ние да го доловиме хуманитарниот момент и да дадеме придонес, односно да помогнеме таму каде е најпотребно“, рече Деан Бунески, претседател на здружението Епилепсија Македонија.