Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата и тие на полноќ поефтинуваат во просек за 4.01 проценти.
Од полноќ, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.
Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.