Џафери: Уставните измени ќе се гласаат на 15 јануари

Facebook
Twitter
Email
Print

Во понеделник на 17 декември ќе почне комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот, изјави денеска собранискиот спикер Талат Џафери по средбата со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

 

Пленарната собраниска седница е закажана за 9 јануари која се очекува да заврши за една недела и потоа на 15 јануари да се гласа за измените на Уставот.

 

„Денеска завршуваат последните две јавни распрви што ги организира Владата во Штип и во Тетово. Сега Владата има обврска да поднесе извештај до Собранието во однос на јавните расправи, како и предлог-амандмани кои ќе треба да се дебатираат во завршна фаза на пленарна седница. Согласно Деловникот, комисиската расправа ќе се случи на 17 декември на која ќе може да се предлагаат амандмани на предложените амандмани од страна на Владата. Со завршување на таа комисиска расправа која ќе тече според фазите што се предвидени во Деловникот, моите предвидувања се дека најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница која треба да заврши на 15 јануари на која ќе се случи финално гласање на амандманите на Уставот“, рече Џафери.

 

За крајното гласање повторно е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи