Почна постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата ја усвои информацијата за почнување на постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование, најдоцна до 20 февруари 2019 година.

 

Агенцијата треба да ја сочинуваат Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и директор на агенцијата. Директорот ќе го избира Собранието. Одборите ќе имаат по 15 членови и тоа по шест од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во земјава, по шест од Интеруниверзитетската конференција, по еден член од редот на студентите и по еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија.

 

Формирањето на новата агенција произлезе од Законот за високо образованиекој беше усвоен пред седум месеци. Според Законот, Агенцијата треба да се формира најдоцна до средината на мај следната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи