Една од жртвите во несреќата кај Лесковац е од крушевското село Бучин

Шеесет и осум годишниот маж В.Ш. кој загина во сообраќајната несреќа кај Лесковац е жител на крушевското село Бучин. Другата жртва 68 годишната жена К.К. биила жителка на Кочани, додека сеуште се утврдува идентитетот на третата жртва.  На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи, додека пак третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

 

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац. Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

 

Сопственикот пак на компанијата „Еуробус“ од Струга, Џитон Иштрефи, за која на релацијата Битола-Виена сообраќал автобусот кој ноќеска во 1.45 часот се преврте на автопатот Скопје-Белград кај Лесковац вели дека возилото било технички исправно. Иштрефи вели дека се уште нема информации што точно се случило, но од разговорот со возачот бил информиран дека во критичните моменти се појавило патничко возило поради кое се случила несреќата.

 

„Немам точни информации што точно се случило, бидејќи не знам ништо. Колку што знаете вие толку знам и јас. Се слушнав со возачот кој ми кажа дека коловозот бил лизгав, некој автомобил одненадеж се појавил од напред и тој изгубил контрола, само толку ми кажа. Во конттакт сме постојано со луѓето во Србија. Испративме друг автобус да ги преземе патниците, друго не знам, изјави Иштрефи.

 

Несреќата се случи во услови на снежно невреме, а истрагата треба да ги утврди причините.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи