Тројца загинати, 4 во животна опасност и 28 полесно повредени е билансот од автобуската несреќа кај Лесковац

Facebook
Twitter
Email
Print

Mинистерството за надворешни работи на Република Македонија по информациите добиени од српските власти, потврди дека 3 лица го загубија животот во автобуската несреќа што синоќа се случи во 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија, се преврте македонски автобус кој сообраќал од Битола за Виена. Возачот изгубил контрола врз автобусот по лизгавиот коловоз, ја пробил заштитната ограда и се превртел покрај патот.

 

 

„Автобусот беше превртен на страна, тројца патници беа затекнати без знаци на живот. Екипите на Итната помош од Лесковац кои први стигнаа на местото им укажуваа помош на повредените. Имаше патници кои беа заробени во автобусот, нив ги ослободија припадниците на противпожарните спасувачки екипи на МВР. Најтешко поведените се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш. Еден од пациентите кој беше прв згрижен имаше симптоми на фрактура на черепот“, рече еден од лекарите на Итната помош кој учествуваше во спасувањето.

 

Засега потврден е индентитетот на две од жртвите во сообраќајната несреќа. Станува збор за 68 годишен маж и 68 годишна жена, додека сеуште се работи на откривање на идентитетот на третата жртва, која исто така е од женски пол.

 

Има вкупно 32 повредени лица од кои четворица се повредени со тешки телесни повреди и се наоѓаат во животна опасност, а се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија, 1 на ортопедија. Дел се пуштени на домашно лекување, но ќе останат во болницата се до обезбедувањето на превоз за истите.

 

Надлежните служби работат на идентификација и на повредените и постапката е во тек.

 

Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Еуро Бус SU 3325 AC. Од Битола се купени 4 билети, 2 повратни и 2 во еден правец. Од Прилеп се качиле 11 патници. Едниот возач е од Битола, а другиот од Прилеп, потврдија од прилепската автобуска станица.

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатија кон местото на несреќата.
Се чека на дополнителни официјални информации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи