Се чистат каналите во с. Борино кај Крушево

Локалната самоуправа и јавното претпријатие „Комуна“ се на терен во с. Борино каде што се чистат каналите со механизација во сопственост на Пелагониско планскиот регион добиена како донација од Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

 

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изјави дека механизацијата која е добиена има посебна и јасно дефинирана намена, а со механизација во сопственост на локалната и ЈП „Комуна“ се работи во другите населени места.

 

„Голема благодарност до Амбасадата на Јапонија за оваа механизација која најмногу ќе им користи на граѓаните на општина Крушево и сите општини од Пелагонискиот регион. Со сопствена опрема веќе бевме на терен во с. Норово, с. Алданци и с. Саждево, а ќе продолжиме со работа и во другите населени места.“, порача градоначалникот на општина Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи