Џеф Бриџис ќе добие почесен Златен глобус

Џеф Бриџис е добитник на наградата „Сесил Б. Демил“ за 2019 година, одлучи Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд. На актерот наградата ќе му биде врачена на церемонијата на претстојното 76. доделување на “Златен глобус” на 7 јануари за неговиот широк спектар во работата.

 

Наградата “Сесил Б. Демил” е почесна награда на “Златен глобус” која се доделува за “извонреден придонес во светот на забавата”.

 

“Брилијантната работа на Бриџис во различни жанрови ги зароби срцата и умовите на публиката ширум светот повеќе од шест децении. Ќе ги славиме Дјуд и неговите исклучителна кариера и добротворна работа на претстојните Златни глобуси”, рече претседателот на ХФПА Мехер Татна во соопштението.

 

Шеесет и девет годишниот актер и оскаровец, познат по своите улоги во филмовите “Големиот Лебовски”, “Лудо срце”, “Фантастичните браќа Бејкер”, досега пет пати бил номиниран за “Златен глобус”, а наградата ја освои во 2010 година за филмот “Лудо срце”. Таа изведба исто така му донесе и Оскар.

 

Инаку, досегашни добитници на наградата „Сесил Б. Демил“ се Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Одри Хепберн, Харисон Форд, Џоди Фостер, Софија Лорен, Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг, Мерил Стрип, Барбра Стрејсенд, Дензел Вашингтон, Опра Винфри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи