САД одобрија продажба на ракетните системи Patriot на Турција

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот Стејт департмент во вторникот ја одобри можната зделка со Турција за продажба на системите за противракетна одбрана „Patriot“ со опрема во износ од 3,5 милијарди долари, соопшти Пентагон.

 

Анкара побара одобрение за набавка на четири комплети со 20 ракетни лансери и 80 ракети за пресретнување проектили.

 

„Турција ќе ги користи противвоздушните системи Patriot за јакнење на својот потенцијал на противракетната одбрана, за заштита на својот територијален интегритеет и одвраќање на регионалните закани“, се ведува во соопштението на Агенцијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста при американското министерство за одбрана.

 

Се истакнува, исто така, дека евентуалниот договор ќе им овозможи на сојузниците во НАТО да изведуваат обуки и дејствија на територијата на Турција.

 

Соопштението од Пентагон доаѓа во атмосфера на зголемени турско-американски тензии по голем број прашања, вклучително и поради плановите на Анкара да ги купи напредните противвоздушни пректили С-400 од Русија. Во декември 2017 година Русија и Турција потпишаа кредитен договор за испорака на четири одделенија од споменатите ракетни комплекси за вкупна сума од 2,5 милијарди долари. Овој договор предизвика вознемираност и осуди од САД и сојузницит во НАТО, а Вашингтон воведе одредени санкции кои го погодија турскиот финансиски сектор. Особено, договорот за набавка на системите С-400 беше одбивањето на САД да ги испорача договорените и платените борбени авиони „F-35“ на Турција.

 

Турција ја има втората по големина армија од земјите членки на НАТО, а вообичаено од земјата членка на воениот сојуз се очекува да купува компатибилни оружени системи, забележуваат западните сојузници. Воопшто, во НАТО единствена руска опрема којашто се користи е онаа којашто преостана во земјите од поранешниот Варшавски пакт. Постари руски противвоздушни системи, коишто прв ги набави Кипар, има и Грција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи