Пластични цвеќиња, ветерници и кломпи се главни сувенири во холандскиот главен град Амстердам, а всушност се и двигател на градската економија. Сепак, локалната самоуправа забрани експанзија на вакви продавници.
Уставниот суд во Холандија ја поддрша забраната на амстердамските власти да го сопрат отворањето на нови продавници за сувенири во срцето на градот.
Ова е само една во низата мерки кои градот ги презеде против масовниот туризам. Да потсетиме, прво беше отстранет симболот на градот „„I amsterdam“, а потоа се размислува и за отстранување на квартот на црвените фенери од центарот на градот.
Забраната за отворање нови продавници стапи на сила во октомври 2017 година и не крши ни еден закон на ЕУ.
Целта е да се проретчат продавниците кои продаваат производи наменети исклучиво на туристите, а на локалните жители им го отежнуваат животот.
Инаку, Амстердам има 741.000 жители а годишно го посетуваат 9 милиони туристи поради што неговите жители имаат проблеми.