Туристичката интернет страница „Лонли Планет“ објави топ листа на 10 најатрактивни градови за посета во претстојната 2019 година. Меѓу нив се најдоја Нови Сад во Србија и Задар во Хрватска.
На прво место на листата е Копенхаген, Данска, а на второ место е кинескиот град Шенжен. На трето место е Нови Сад.
„Лонли планет“ наведува дека Нови Сад не е толку познат како главниот град Белград, но дека е помодерен. Се наведува дека Нови Сад е познат и како српска Атина и дека градот е домаќин на популарниот музички фестивал „Егзит“ што се одржува на Петроварадинската тврдина. Исто така, се наведува дека градот има богата уметничка и музичка сцена и дека е ориентиран кон младите. Во 2019 година токму Нови Сад ќе биде европска престолнина на младите.
Листата со топ 10 градови за посета според „Лонли Планет“:
1. Копенхаген, Данска
2. Шенжен, Кина
3. Нови Сад, Србија
4. Мајами, САД
5. Катманду, Непал
6. Мексико Сити
7. Дакар, Сенегал
8. Сиетл, САД
9. Задар, Хрватска
10. Мекнес, Мароко