„Културни Патеки“ – електронско буклет издание со најатрактивните археолошки локалитети во прилепско

Менелај – Прилеп, ја објави својата нова публикација: „Културни Патеки“. Се работи за електронско буклет издание посветено на дел од најатрактивните археолошки локалитети во прилепскиот регион. Свое место во публикацијата наоѓаат Маркови Кули, „Кралската Гробница“ во близина на с. Подмол, античкиот бисер Стибера, локалитетот Градиште – Дебреште, но и Трескавец, кој иако е најпознат по средновековната црква, истовремено претставува особено интересен археолошки локалитет, каде според научната јавност егзистирала античката населбата Колобаиса.

 

 

Преку оваа публикацијата, насловена како „Културни Патеки“, низ 44 страници, колку што истата вбројува, љубителите на културното наследство ќе можат да се дознаат повеќе за опфатените маркантни археолошки локации од Прилепско. Иако авторите на текстовите доаѓаат од круговите на археологијата и историјата на уметност, самите текстови се прилагодени за широката публика.

 

 

 

Така, пред читателите се поставени релевантни информации за наведените локалитети, кои често се предмет на мистификација и шпекулација. Она што е особено позитивно е двојазичноста на публикацијата, односно, таа е објавена на македонски и на англиски јазик.

 

Од Менелај – Прилеп истакнуваат дека двојазичниот формат на публикацијата има за цел да го промовира културното наследство и пред меѓународната јавност. Во таа насока, за секоја од локациите е изработена и мала мапа, со инструкции за стигнување до соодветната локација. Текстовите се припратени со голем број на фотографии кои, според Менелај – Прилеп, треба да ја предизвикаат љубопитноста на читателите за да се одлучат да ги посетат овие атрактивни археолошки локалитети.

 

 

 

Финансиски покровител на проектот е Општина Прилеп, преку годишниот Јавен Повик за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите.

 

 

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈАТА !

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи