Густата магла го вклучи алармот, поради намалена видливост отежнато се одвива и патниот и авиосообраќајот.
Од АМСМ препорачуваат возење со прилагодена брзина и почитување на сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава и на одрони.
Поради густата магла намалена е видливоста во Тетово – до 30 метри, патниот правец Неготино- Демир Капија, во Куманово и во Сарамзалино со видливост од 50 до 100 метри. Од АМСМ информираат дека состојба на граничните премини се одвива со минимално чекање. На осојничавите места коловозите се наместа влажни и поради ниските температури во вечерните и утринските часови има појава на голомразица.
Од Управата за Хидрометеоролошки работи смируваат, уште во вечерните часови се очекува разведрување поради силниот ветер, а има најава и за снег.