ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Лошите кадровски решенија и непотизмот на СДСМ го доведоа Прилеп до хаос и безредие

Лошите кадровски решенија и непотизмот на СДСМ го доведоа Прилеп до хаос и безредие од незапамтени размери. Ова ли е европски Прилеп кој го ветуваше СДСМ во предизборната кампања, во кој граѓаните секојдневно сведочат за тепачки, насилство, запалени автомобили, разбојништва, во кој се плашат за својата безбедност и живот, обвинија на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Прилеп стана најнебезбедно место за живот!

Вчера, сред бел ден, во центарот на градот се случи разбојништво како од филмовите.

Имено, три лица, кои според кажувањето на медиумите без маски, со употреба на пиштол, во строгиот центар извршија разбојништво пред очите на присутните, одземајќи огромна количина злато и причинувајќи огромна штета по сопствениците на една од златарите.

Дуќанџиите, истите оние за кои Кирацовски пред некој ден кажа дека биле презадоволни од владеењето на СДС, без сведоци на овој грозоморен настан, со кој Прилеп се враќа во времето на теророт, хаосот, времето кога СДС беше на власт, а безбедноста беше на најниско ниво. Прилепчани добро паметат како беше пред нешто повеќе од 10 години, се фрлаа бомби по домовите на наши сограѓани.

Потсетуваме и дека само пред неколку дена лице со качулка влезе во прилепската пошта и со употреба на безбол паалка зеде над 35.000 денари, приота повредувајќи еден од вработените во оваа установа.

Ова ли е европски Прилеп кој го ветуваше СДСМ во предизборната кампања? Ова ли е животот кој го ветуваа, живот во кој прилепчани секојдневно сведочат за тепачки, насилство, запалени автомобили, разбојништва?

Прашуваме, што ли прави полицијата во овој град?

Оваа состојба на општ хаос говори неколку работи. Прво дека има лоши кадровски решенија, кои мака мачат да се справат со криминалците во градот, кои од ден на ден земаат се поголема сила и замав. Второ, непотизмот кој СДС го практикува со вработување на роднини и пријатели на високи партиски функционери во институциите, вклучително и прилепската полиција, наместо професионалци, вродува лоши резултати за обичните граѓани. Трето, законот со кој СДСМ ги ослободи криминалците од затворите во замена за гласови, полека но сигурно го зема својот данок.

Причинета е огромна штета.

И наместо да ја замајуваат јавноста дека се преземаат некакви мерки, нека го слушнат гласот на народот кој се плаши слободно да прошета на улиците, затоа што негрижата од владеачката гарнитура го доведе Прилеп на исто рамниште со дивиот запад.

Граѓаните со право се плашат за својата безбедност. Стравуваат за сопствените животи, затоа што Прилеп не памети хаос и безредие од вакви размери.

Затоа оваа власт мора што поскоро да си замине. Затоа што секој изминат ден носи само црнила и лоши последици по сите. Бараме одговорност за ваквата состојба, како од Оливер Спасовски, така и од кадрите поставени од негова страна! Ова безредие мора што поскоро да заврши!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи