„Рурална коалиција“ во партнерство со „Полимат 13“, во периодот од 01.07.2018 до 31.01.2019 го имплементира проектот „Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница“ финансиран од ЕУ, преку Програмата за мали гранотови на ЕУ, како дел од проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“.
„Целта на проектот е зголемување на дејствувањето на граѓанските организации како еднакви партнери во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики во руралните средини. Преку реализацијата на овој проект се постигна унапредување на вклученоста и соработката на различни чинители на локално ниво во општините Кривогаштани и Богданци, при што се истакна заедничкиот придонес кон подобро партнерство и ефективна соработка во процесите на креирање политики и донесување одлуки“, потенцираат од „Рурална Коалиција“.
Во рамките на завршниот настан кој се организираше денеска во Прилеп, се промовираа Стратегиите за соработка со граѓанскиот сектор за општините Богданци и Кривогаштани кои се произлегоа како финален продукт на проектот.
Исто така на денешниот завршен настан беа потпишани Меморандуми за соработка меѓу Рурална коалиција, Полимат 13 и Младинска иницијатива за рурален развој од Кривогаштани.
Соработката се официјализира и општина Кривогаштани со приложување на Меморандум за соработка и со општината. На средбата покрај членовите на двете организации кои го имплементираа проектот, присуствуваа претставници од општина Кривогаштани и Богданци.