ОБНОВЕНО-ВИДЕО – Прилепчанец со нож ја убил девојката пред очите на нејзиното дете

Триесет и шест годишниот прилепчанец Христијан Конески со нож ја убил својата 33 годишна партнерка Евгенија Гелеска со која живееле во вонбрачна заедница. Убиството се случило синоќа во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп. Гелеска била прободена со нож неколку пати во градите, а според првичните информации убиството се случило пред очите на нејзиниот малолетен син кој и го пријавил овој грозоморен чин.

 

 

„Убиството е направено во куќата на Х.К. каде што претходно Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син. Веднаш е прииведен Х.К.. Телото на убиената е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

 

Јавниот обвинител Ристо Шошески истакна дека според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знаел откако ќе завршела анализата на крв и урина од осомничениот. Инаку Конески не го напуштил местото на настанот и тој е веднаш лишен од слобода. Соседите на Конески се во шок. Велат дека бил премногу мирен човек и неможат да поверуваат што се случило синоќа. Според соседите Конески и Гелеска биле во врска околу 2 години.

 

„Добро дете беше, супер дете беше, му бев јас како родител. Татко му почина, тука си живееше со баба му, мајка му е замината во Австралија. Тој некако ми изгледаше дека е под дејство на алкохол. Му викаше на полицајците дајте да се поздравам со комшијата. Во последно време не пијаше, сега пред една како што разбрав од негови другари пак почнал да пие. Што се случило сега помеѓу нив само Господ знае“, истакна Илчо Јакимоски, сосед.

 

Според Обвинителството Конески се бранел дека бил многу пијан и дека воопшто не се сеќава што се случило. Во моментов тој се наоѓа во Основниот суд во Прилеп каде се решава по предлогот на Јавното обвинителство да му биде утврдена мерката од 30 дневен притвор.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи