Сообраќајот се одвива по влажни коловози, остатоци од снег на дел од патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипи на ЈП „Македонија пат“.  Слаб снег провејува на целата територија во државава.

 

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила и натаму има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.

 

На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема.

 

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

 

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.