ОО СДСМ Прилеп : Времето кога постоеше коалиција помеѓу криминалот и власта, заврши со падот на ВМРО-ДПМНЕ

Антизападната и криминална ВМРО-ДПМНЕ и во опозиција не отстапува од нивните добро познати методи на ширење страв помеѓу граѓаните, преку пласирање на лажни вести и неосновани информации. Велат во писмената реакција од СДСМ на денешниот прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Времето на „МВРО-ВМРО“ кога постоеше коалиција помеѓу криминалот и власта, заврши со падот на ВМРО-ДПМНЕ од власт во Република Македонија. Денес, полицијата работи професионално и независно и е вистински партнер и заштитник на граѓаните. Тоа се потврдува и со последната анкета направена од страна на ОБСЕ, којашто покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно.

 

 

Денес, институциите се предводени од професионални и одговорни кадри, работат во интерес на граѓаните и неселективно постапуваат на секое прекршување на законите, а стапката на криминал е драстично намалена. Никој не може и нема да биде над правдата и законот, без разлика на политичката провиненција или положба во општеството“, велат во реакцијата од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи