Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, работи исклучиво врз основа на позитивните законски прописи и во заштита на интересите и правата на сите граѓани. Велат во денешната реакција од Општина Прилеп на пресот од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Реакциијата ја пренесуваме во целост.
„Имајќи го тоа како императив, Општината поднесе повеќе кривични пријави со основан сомнеж за злоупотреби во работата и со парите на граѓаните, од страна на претходниот градоначалник Марјан Ристески и вработени во локалната самоуправа, коишто беа констатирани и од страна на Државниот завод за ревизија.
Прегласни беа реакциите на граѓаните во минатото за „урбаната мафија“ во градот, за мито и корупција во работата на претходната власт, за злоупотреби во процесот на урбанистичките решенија и легализацијата на диво изградените објекти во градот, за кои граѓаните се плашеа да пријават, а кои сега се од интерес на истражните органи на Република Македонија.
За разлика од минатите времиња, денес во Општина Прилеп владеат правото и законите, а сите вработувања се вршат врз основа на стручните способности и компетенции на кандидатите и според реалните потреби на локалната самоуправа.
Општина Прилеп ги охрабрува сите граѓани, без разлика на партиската или било каква друга припадност, слободно и без двоумење да ги пријават сите нивни сомнежи за аномалии во работата на било кој вработен или именуван функционер во локалната власт“, се вели во реакцијата на Општина Прилеп.