Бети Спиркоска е новата в.д. директорка на градинките „Наша Иднина“ во Прилеп. Досегашниот в.д. директор Орде Тодороски, кој беше сменет пред Нова Година, се враќа на местото книговодител. Спиркоска истакна дека на позициијата в.д. дииректор доаѓала од местото раководител на градинката во „Аличаир“.
„Имам големи планови за градинките „Наша Иднина“. Додека бев раководител на работната единица во „Аличаир“ истата беше комплетно реновирана. Мојот план е истото да се случи сите објекти од „Наша Иднина“ во Општина Прилеп. За многу брзо време започнуваме со реконстукција на дограмата во градинката „Гоце Делчев“ и со реновирање на саниитраните јазли во сите други градики во Прилеп“, истакна Бети Спиркоска, новата в.д. директорка на градинките „Наша Иднина“.
И во овој случај, како со ЈКП „Комуналец“ нема официјално соопштение од Општина Прилеп зошто е сменет досегашниот в.д. директор Орде Тодороски.