Општина Крушево прави проект за изградба на обиколница

Со 30.000 евра средства обезбедени преку проектот „Подобрување на општинските услуги“ на Програмата за развој на Обединети Нации УНДП, Општина Крушево е изработи инфраструктурни и основни проекти за обиколница. Покрај обиколницата, ќе се гради и пат од манастирот Св. Преображение до местото викано Ручало и делови од улиците „Киро Фетак“, „Питу Гули“, „Нико Доага“, „Партизанска“.

 

Според градоначалникот на Крушево Томе Христоски, преку овој проект ќе се започне со решавање на еден од главните инфраструктурни проблеми на Крушево.

 

„Преку овој проект започнуваме со процесот на решавање на дел од клучните инфраструктурни проблеми на Крушево, но и опфаќаме дел од туризмот со изградба на проект за изградба на патот кон врвот Мусица и проект за обиколница. По ова следи да изнајдеме извори на финансирање преку кои ќе се имплементираат проектите кои ќе се изработат“, изјави Христоски.

 

За потребите на проектот УНДП веќе објави јавна набавка и повик за прибирање на понуди.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи