ВИДЕО – Постои опасност да му ја пресечат ногата бидејќи нема пари за лекување , живеат само со 1.900 денари месечно

Пет години живеат без струја, со социјална помош од само околу 1.900 денари. Јадат еднаш во текот на денот и живеат во куќа пред распаѓање. Ова е тажната животна судбина на Драган и Виданка Спасески од Прилеп. Спасески неможе да стане ниту од кревет. Поради дијабетесот едната нога му е комплетно помодрена, нема пари соодветно да се лекува.

 

 

„Претходно се движев малку со патериците, надвор ќе излезев, сега никаде. Ногата тука ми беше како изгорена. Докторот Аризанкоски ми рече Драган, брат, ова e стигнато за на пила“, низ солзи раскажува Спасески.

 

Се хранат само од народната кујна која е оддалечена неколку километри од нивниот дом.

 

„За едно лепче и за две лажици манџа мојата сопруга оди од тука до народната кујна и назад пешки“, додава Спасески.

 

Сопругата понекогаш одела како аргат, но вели дека неможе постојано да го остава сопругот сам.

 

„Тешко е многу. Ја молам државата нешто ако може да помогне, да добие барем некоја пензиичка, не мора голема, помала нека биди“, вели Виданка Спасеска, сопруга на Спасески.

 

Спасески бара итна помош од државата. Се пожали дека иако бил бранител во 2001 година државата воопшто не му помугнала.

 

„Заборавен сум од државата. Иако бев бранител, од државава немам добиено ништо помош, иако и животот го ризикував таму“, рече Спасески.

 

Единствена помош му давале од црквата Свето Благовештение во Прилеп и здружението „Прилепски бранители“ чиј член е и кои вчера му донираа храна.

 

„Нека види целата јавност дека за бранителите никој ништо нема направено, а особено за овие бранители, кои се премногу социјално загрозени и што незнам ниту јас самиот како преживуваат“, рече Гоце Стефаноски, зружение „Прилепски бранители“.

 

Спасески се надева дека државата ќе го слушне нивниот апел и дека ќе им помогне да имаат конечно нормален живот.

 

Секој оној кој сака да го контактира семејството Спасески може тоа да го направи на тел. број.  076-70-80-60

или во Здружението Прилепски бранители – 078-358-943

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи