Два сухои Су-34 се судрија на рускиот далечен исток

Два руски борбени авиона од типот СУ-34 се судрија во текот на воена вежба на небото над далечниот исток на Руската федерација.

 

Како што се наведува во соопштението од руската армија, авионите летале во подрачјето меѓу островот Сахалин и градот Хабаровск.

 

„Руското министерство за одбрана соопшти дека во „08:07 часот по московско време на 18 јануари два авиони Су-34 на воздухопловните сили од далечниот исток“ се судриле во воздух изведувајќи маневри за време на вежба“, соопшти телевизијата Звезда на својот официјален сајт.

 

Руските медиуми наведуваат дека очевидците наводно забележале дека пилотите се катапултирале, односно изјавиле дека видела два падобрана.

 

Се претпоставува дека авионите паднале во Татарскиот мореуз, што ги спојува Јапонскот море на југ со Охотското море на север. Моментално потрагата по пилотите е во тек, а руската војска во спасувачка мисија испрати два хеликоптера МИ-8 и авион АН-12.

 

Руската агенција ТАСС претходно јави дека се приземјени сите такви авиони низ Русија, повикувајќи се на неименуван извор од руското министерство за одбрана.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.