Жителите на ромската населба Тризла во Прилеп денеска излегоа на мирен протест обвинувајќи дека околу 300 домаќинства една недела имале струја само по неколку часови во текот на денот. Се жалат дека неможат да ги остварат основните потреби во текот на денот, а поради честите прекини на струјата им се расипувале и дел од електричните апарати. Обвинуваат дека ЕВН не превземале ништо за да го решат нивниот проблем.
„Ни прегореа фрижидери, едно-друго, кој ќе ги плаќа сега тие работи. Немаме средства, неможеме да се искапеме како луѓе, да се избричиме, хигиена нема, деца мали имаме. Секоја вечер нема струја. Ја пуштаат во 7 часот наутро и до 9 – 10 часот после тоа пак ја исклучуваат“, вели Алија Алиоски, жител на населба Тризла.
„На секого од нас истото ни го кажуваат, дека дефектот е приијавен дека ќе се отстрани, но дека немале временски рок до кога. Го сменија осигурувачот на трафостанивата, но тој бил од 400 ампери и пак прегоре. Требало од 1.000 ампери за да ги задоволи нашите потреби“, истакна Зехрам Мустафоски, жител на населба Тризла.
Вакви дефекти кои траеле скоро 2 недели велат дека имале и во периодот пред Нова Година. Сега најмногу им било жал за децата.
„Значи 300 фамилии немаат струја. Како треба да ги пуштаме сега децата на училиште, валкани, со вошки ? Дали треба тие деца да се капат ? После јас нема да ги пуштам на училиште така смрдени и валкани“, рече Мамут Веселоски, жител на населба Тризла.
„Дете имам 41 година со хендикеп, се плаши ноќе, сака светло, телевизор бара. А кога станува збор за пари одма бараат, а вака никој нема интерес за Ромите“, рече Самедин Ќазимоски, жител на населба Тризла.
Од ЕВН велат дека жителите на оваа населба кои се снабдувале со електрична енергија од трафостаниците Дебој 1 и Дебој 4 имале проблеми поради прекумерната, неконтролираната и нелегална потрочувачка. Дефектите ќе се поправеле во текот на денот.
Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески истакна дека секој час гореле осигурувачите на трафостаницата Дебој 1. Екипите постојано ги менувале, но тоа не го решава проблемот. Покрај тоа за само 5 дена извршени биле 2 кражби во трафостаницата Дебој 4. Последната е евидентирана утрово околу 4 часот. Направен е увид и полицијата ги превзема сиите мерки за пронанаоѓање на сторителите. Поправката на трафостаницата била во тек и наскоро овие корииници ќе имаат напојување со електручна енергија.
Од ЕВН бараат жителите разумно да ја трошеле електричната енергија за да се намалела потрошувачката. Бараат и стопирање на кражбите на кабли од трафостаниците кои ги доведувале во опасност сите жители и целата околина.