Папата Францис промовира апликација за молитва

Папата Франциско ги повика католиците на плоштадот Свети Петар да се молат со него на интернет и ја претстави апликацијата „Кликни за да се помолиш“. Апликацијата е направена на 6 јазици и е поставена на официјалната интернет страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа.

 

Станува збор за социјална молитвена мрежа на која секој верник може да направи свој профил. Кога ќе пристапат на апликацијата, верниците ќе може да видат за што треба да се молат во тој момент.

 

„На пример, апликацијата ќе им овозможи на младите да му се придружат во молитвата за тагување заради двата немили настани кои се случија неделава: 170 мигранти се удавија во Средоземното Море и 21 лице загина во терористички напад во Колумбија“, рече Папата Франциско.

 

Исто така постои и можност каде верниците можат да ги споделуваат своите молитви со други лица.

 

Папата на верниците на плоштадот Свети Петар им кажа дека социјалните мрежи се начин „за споделување на вредности … и можноста да ја искажат желбата за формирање заедница.“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.