Австралија се соочува со рекорно високи температури што надминуваат и над 40 Целзиусови степени, а меторолозите најавуваат дека жешкиот бран ќе продолжи најмалку уште во наредните пет дена.
Според метеорологот Роб Шарп, „најопасен“ ден се очекува да биде петок 25 јануари, кога жешкиот бран ќе го достигне својот максимум, што дополнително ќе ја зголеми опасност од избувнување нови пожари. Во моментов ширум Австралија бесенеат над 200 пожари.
„Само што го проживеавме најтоплиот заебележан декември кога и да било досега, во послениот бран жештини ги имавме четирите најтопли денови и најтопли ноќи регистирани досега“, изјави Шарп.
Тој нагласува дека в четврток во Аделаид се очекува температура до 44 степени, а во Сиднеј за време на викендот до 43 степени. Најтопло се очекува да биде в петок во Сворн Хил со температура до 46 степени.
Според Шарп, жешкото време ќе трае до по Денот на Австралија, национален празник што се одбележува на 26 јануари.
По жештините, на Австралија следните денови и се закануваат и други елементрани непогоди – северно од континентот се формира монсун. а западно тропски циклон, додека во југозападните делови на земјата се очекува силен ветер со поројни дождови.