ВИДЕО – Родителите на децата со попреченост од „Порака“-Прилеп бараат нивниот клуб да прерасне во Дневен центар

Родителите на децата со интелектуална попреченост од центарот „Порака“ од Прилеп бараат државата нивниот социјалeн клуб кој денеска прослави 4 години конечно да прерасне во Дневен центар каде децата ќе престојуваат по 8 часови во текот на денот. Бараат и вработување на минимум 2 стручни лица. Родителите велат дека не добиваат скоро никаква финансиска помош од државата и дека тешко ќе продолжат вака понатаму, а сето тоа пак штетно ќе влијае на децата и нивната социјализација.

 

 

„Ако е ги прикажеме нашите деца дека можат нормално да се движат во општеството, во градот, тогаш нема и другите да ги прифатат. А за таа цел да ја оствариме тие треба да бидат посоцијализирани и ако бидат повеќе време во еден таков Дневен центар“, истакна Емилија Котеска, претседател на здружение „Порака“.

 

Во ваквите Центри овие деца се учат да ги извршуваат основните секојдневни потреби. Отворањето на Дневен центар ќе помогне родителите кои сега мора да бидат 24 часа околу своиите деца да можат да се вработат.

 

„Целта е да се осамостојат овие лица. Не е целта само да доаѓаат тука и да цртаат и да бојат. За да функционира едно вакво лице над 18 години треба да знае да зготви, да исчисти, да знае само да ги извршува физиолошките потреби“, кажа Раде Аљакоски, родител на дете со посебни потреби.

 

Клубот го посетуваат и голем број волонтери коии им помагаат на овие лица.

 

„Не е исто лицата со интелектуална попреченост да се дружат само 2 пати неделно по 4 часа и да се дружат 5 пати неделно по 8 часа во текот во текот на денот, само така тие ќе успеат“, вели Филип Иваноски, волонтер во здружението.

 

Во Прилеп веќе има еден ваков Дневен центар. Доколку би се отворил уште еден и би се зголемил капацитетот за уште 10-тина лица би се задоволиле потребите за градот. Дали државата ќе има слух за овие барања останува да покаже времето.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.