Јункер, Могерини и Хан го поздравија ратификувањето на Преспанскиот договор

Facebook
Twitter
Email
Print

Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

 

„Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент. Од самиот почеток Европската Унија силно го поддржуваше историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев, по преговорите под покровителство на ОН. Беа потребни политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се разреши еден од најдлабоките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна можност која поставува пример за помирување во Европа како целина и ќе даде дополнителен поттик на Европската перспектива на регионот. Додека со радост ги исчекуваме следните процедурални чекори што ќе доведат до целосно спроведување на договорот, можеме со сигурност да кажеме дека Атина и Скопје заедно испишаа нова страница на нашата заедничка иднина во ЕУ“, гласи изјавата на Јункер, Могерини и Хан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи