ВИДЕО – ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп : Власта ќе удри по над 12.000 пензионери во Прилеп со најновите измени на Законот за пензии

Со секој изминат ден од владеењето на СДСМ, станува се појасно дека ова власт работи исклучиво на штета на граѓаниите. Преку најновите измени на Законот за пензии, власта директно удира по една од најголемите категории граѓани во државава. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со измените на Законот се предвидува усогласување на пензиите само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како досега, кога усогласувањето се вршеше не само кога постои пораст на трошоците за живот туку и според растот на платите во државава.

 

Имајќи во предвид дека Македонија е земја каде сите политики се насочени кон најниска инфлација, односно што помало зголемување на трошоците за жиивот, а резултатите од минатата година покажуваат дека истите се зголемиле само за 1,5% пензионерите речиси нема да добијат некое покачување на своите месечни примања.

 

Од друга страна имајќи го во предвид движењето на нето платите за миинатото полугодие, со ова законско решение пензионерите ќе бидат оштетени за околу 500 денари месечно.

 

Во ситуација кога повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно добиваат помалку од 14.421 денар, ова ќе биде удар врз пензионерите кои се најранливи, односно оние со најмали пензии.

 

Гледано во бројки, од вкупно 320 илјади пензионери, дури 170 илјади имаат пензија под просечната, а околу 80 илјади примаат пензија која е под 9.000 денари.

 

Со овие законски измени, пензионерите кои земаат најниски пензии и во услови на најмало зголемување ќе добиваат помалку од пензионерите со поголемии месечни примања, за разлика од претходните години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и се вршеше правично, подеднакво зголемување на пензиите на сите категории пензионери.

 

Вака предвидените измени на Законот, секако нема да ги одминат и прилепските пензионери, кои се повеќе од 12.000 на број и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава.

 

ВМРО-ДПМНЕ знае дека оваа категорија на граѓани заслужува многу подобро, заслужува почитување и вреднување на нивниот вложен работен труд низ годините. Нашите политики и во минатото и во иднина ќе бидат насочени кон подобрување на животот на пензионерите и постојано зголемување на нивните месечни примања.

 

Токму затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Закон за укинување на новото законско решение и ќе побара враќање на претходното“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.