Разбојништво во обложувалница во Прилеп – одземени парите од дневниот промет

Вчера ( 29.01.2019 година ) околу 21.22 часот во полициската станица Прилеп било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во обложувалница на улица „Александар Македонски“ и од касата одзел пари од дневниот промет. Од СВР Битола истакнаа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.