Врховниот суд одлучи дека СЈО не може да отвара истраги и да поднесува обвиненија по истекот на 18 месеци од денот на превземањето на предметите во своја надлежност.
„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, утврди Врховниот суд.
Иницијативата беше поднесена од двајца адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов, кои се бранители на обвинети во повеќе случаи на СЈО.