Откако повеќе од 20 години на лото пишувал и играл на исти броеви, еден жител на Берлин конечно стигнал до посакуваната добивка. Освоил 1.67 милиони евра!
Среќниот добитник чие има не е објавено , шест исти бројки упорно ги играл на играта Лото „6 од 49“ која се извлекува секоја сабота. Неговите бројки се конечно извлечени викендов , објави лотаријата од Берлин.
Портпаролот на Лотаријата изјавил дека среќниот добитник истите шест бројки ги заокружувал уште од јули 1998 година.
За добитното ливче среќниот берлинец уплатил 6,75 евра.