ОО СДСМ Прилеп : СДСМ го врати редовното усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и можноста за дополнителен раст на пензиите

Наместо да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ, партијата која е симбол за криминал, корупција и расипништво, треба да одговори за мега скандалот на Владата предводена од бегалецот Никола Груевски со непрефрлањето не средства во вториот пензиски столб за 12.000 илјади граѓани. Велат во реакцијата од ОО СДСМ Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Додека Мицкоски водел бизнис со хидроцентрали и го советувал неговиот шеф Груевски, на 12 илјади граѓани им била загрозена целосната исплата на пензиите. Со криминални и коруптивни политики ВМРО-ДПМНЕ создаде фрапантен дефицит во ПИОМ, кој од 2 милијарди во 2006 година достигна до 19 милијарди денари во 2017 година.

 

ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами да ги спомене пензионерите, затоа што ако некој ги кратеше пензиите тоа беше токму ВМРО-ДПМНЕ, која како претходна власт правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите, а кое им следуваше со закон. Токму ВМРО-ДПМНЕ го укина усогласувањето на пензиите на пензионерите, им скрати пари и создаде огромна финансиска дупка во фондот на ПИОМ.

 

Наспроти криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ го стабилизираше пензискиот систем, обезбеди редовна исплата, континуиран раст на пензиите и сигурни пензии во иднина.

 

Фактите и бројките го потврдуваат ова и ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2017 изнесувала 13.954, денари, а во 2018 година 14.421 денари.

 

Владата предводена од СДСМ го врати редовно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и можноста за дополнителен раст на пензиите со растот на БДП над 4 отсто.

 

Денес градиме стабилен пензиски систем, пензионерите го добиваат тоа што законски им следува, а пензиите растат и ќе продолжат да растат“

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи