Шумските полицајци од цела Македонија денеска oдржаa протестен марш во Скопје бидејќи Министерството за земјоделство веќе една година не сакалo да им ги потпиши колективните договори. Освен договорите бараат и зголемување на платите за 30%. Основицата со вклучена хранарина и патарина им била само 16.800 денари.
„Одговорено беше дека ќе се потпиши, беше договорено да се потпиши ии со одложен рок на примена, но и тоа не се случи“, рече Атанас Вељаноски, претседател на синдикална организација Прилеп.
„Основна плата на еден шумски полицаец е 16.800 денари. Тука е вклучена и хранарина и патарина. Наместо Владата да ги унапреди условите на шумската полиција, како што се зголемување на платата, додавање на додаток за ризик во работа, тие ја намалија платата со тоа што ги укинаа прекувремените сати“, истакна Цветан Иваноски, Шумска полициска станица Прилеп.
„Бараме 30% за покачување за додаток како овластени службени лица затоа што носиме оружје“, рече припадник на шумската полиција од Скопје.
Се пожалија и тоа дека животот постојано им бил постојано во опасност бидејќи ги немале потребните средства за работа, ниту пак имале правилник како да постапуваат во одредени ситуации, бараат донесување на нов Закон за шумска полиција.
„Во патрола одиме по двајца или тројца полицајци, прво не сме означени како што треба, немаме униформи, оружјето кое го носиме е премногу старо, немаме бенефициран стаж, изложени сме постојано на теренска работа“, додаде Цветан Иваноски, Шумска полициска станица Прилеп.
Од Министерството истакнаа дека имале неколку предлози за измена на текстот на Колективнииот договор, врз основа на кои Независниот синдикат на Шумската полиција требало да достави финална верзија. Од МЗШВ им укажале на шумската полиција за ова да контактираат со репрезентативниот синдикат на УПОЗ, а по усогласувањето на текстот ќе се потпишел и Колективниот договор.