Обезбедување нападнало маж во казино во Прилеп, притоа нанесувајќи му тешки телесни повреди. Имено, според соопштението на СВР Битола, човекот додека играл на рулет апарат, изгубил пари и почнал да удира по апаратот, по што бил исфрлен надвор и физички бил нападнат.
Како што информираат од СВР Битола на трети февруари во 20.30 часот Б.П. (52) од Прилеп случајот го пријавил во Полициската станица Прилеп.
Прилепската полиција работи на расветлување на случајот.