Општина Прилеп го распиша јавниот повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и за спортски клубови

Општина Прилеп го распиша јавниот повик за прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2019 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.

 

Јавниот повик се однесува на здруженија на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината, и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита и спортски клубови.

 

Распределбата на средствата ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на општина Прилеп. Крајниот рок за доставување на барањата е 28.02.2019 година.

 

Условите за доделување на финансиските средства, критериумите како и пријавите за учество на јавниот повик, објавени се на веб страната на Општина Прилеп prilep.gov.mk, од каде истите можат и да се преземат.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи