Општина Крушево гради водоводна линија до с. Саждево

Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски ја отпочнаа постапката за доградба на водоводна линија за водоснабдување во с. Саждево, општина Крушево.

 

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски вели дека овој проект ќе реши многу проблеми за жителите на ова населено место и најавува дека и во останатите населени места ќе се работи на инфраструктурни проекти.

 

„Распишан е тендерот и само прашање на време е кога ќе започне реализацијата на овој проект од голема важност на моите сограѓани од овој дел на општината. Продолжуваме да работиме и во останатите населени места паралелно со градот“, вели градоначалникот Христоски.

 

На Електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач и веднаш по завршувањето на постапката ќе се започне со работа на терен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи