Рафаел Семјуел (27) од Мумбаи планира да ги тужи своите родители затоа што го родиле без негова согласност. Според него, нема разлика меѓу родители, киднапери и робовладетели.
Тој вели дека односот со неговите родители му е одличен, но тоа не го менува фактото дека му „нанеле голема неправда со тоа што фо родиле“.
„Зошто нешто би работел? Затоа што моите родители ме родиле и еден ден за тоа престанаа да плаќаат? Натерајте ги да платат“, вели тој.
Тој се изјаснува како „антинаталист“, односно оној кој се залага за прекин на раѓање деца. Верува дека е „неправедно да се препушти детето на страдањата во животот, само за родителите да бидат среќни што го имаат“.
„Ги сакам своите родители, но ме добиле за лично задоволство. МОјот живот е одличен, но не гледам зошто морав да одам во училиште и да градам кариера, особено затоа што не барав јас да се родам“, вели ова момче, кое многумина заради оваа изјава го сметаат за неработник, а не за филозоф и борец за човекови права.
Но, тој не е единствениот кој размислува вака. На неговата Фејсбук страница има илјадници следбеници и истомисленици кои ја поддржуваат неговата идеја дека родителите се најголеми лицемери.