ВИДЕО – Тутунарите се плашат дека тутунопроизводството во Прилеп ќе се намали за 50% поради немањето на вода во вештачкото езеро

Тутунарите од Прилеп се плашат дека тутунопроизводството, во делот каде полето е покриено со хидросистемот, можно е да се намали за цели 50% доколку продолжи ваквата хидролошка состојба. Се сомневаат дека акумулацијата ќе се наполни до месец април затоа што, поради замена на темелниот испустен вентил, езерото беше комплетно испразнето лани во текот на есента.  Вентилот не се замени, а браната за да се полни со вода се затвори пред само околу 2 недели. Според тутунaрите загубите би се броеле во милиони евра.

 

 

„Доколку немаме во системот за наводнување вода, тогаш Прилеп ќе падне со производството некаде од 500 до 600 тони тутун. Нашата каналска мрежа, од податоците што ги имаме, сознание од Тутунски комбинат, покрај главните канали, споредните се некаде околу 600 километри должина. Значи оваа вода сега во овој момент што вчера ја видов да се испушти, значи можат да се наполнат само каналите. Што понатаму се поставува прашањето? Ако немаме за наводнување, јас мислам дека 50% ќе се намали тутунот. Ако оваа година имаме некаде околу 1.8 милиони само градот, не руралниот дел, ние ќе паднеме некаде на 600-700 тони тутун. Тоа е прво осиромашување на народот, бидејќи егзистира исклучиво само од тутунот. Ако земеме700 тони, заедно со субвенциите по 300 денари, тоа се многу пари. Јас не знам, не можам да поверувам и не ми е јасно дека 6 милиони до април ќе се наполнат“, истакна Данчо Милески, претседател на здружение на тутунари „Мице Козар“.

 

Според Милески единствено водата од регионалниот водовод „Студенчица“ доколку се насочи кон езерото може малку да ја стопира катастрофата. Милески ги повика тутунарите ова лето да ја штедат водата, строго наменски затоа што можело да дојде до проблеми и недостиг на вода.

 

„40 години езерото го пратам, и како рекреативец спортски риболовец, и во намалување на водата во текот на наводнување и во дотокот на вода. Ако се повтори онаа 1983 година, кога за едно деноноќие има влеано во езерото милион ипол кубни метри вода, тогаш може да се зборува за оние 5-6 милиони кубни метри вода. Дали како Тутунски комбинат на времето што плаќаше на Студенчица, во текот на ноќните часови кога домаќинствата не користат вода, а има направено канал за кој котата е многу повисока од резервоарот на водата што ја пиеме кај Зеленик, доколку вода се долева од Студенчица мислам дека ќе имаме вода толку колку што треба за садење и окопување. Но понатаму, за наводнување, доколку не настапат некои врнежи, а како што слушаме од хидрометереолошкиот завод дека февруари ќе биде сушен, од 2 до 4 литри на метар квадратен, јас не верувам дека нашете езеро ќе наполни некаде повеќе од 3.5 милиони метри кубни вода. Затоа уште еднаш ќе кажам, ако издашноста на изворот на Студенчица е како пред овие мразеви до 2.000 литри во секунда, тогаш ако не се дотура од Студенчица ние ќе немаме вода“, истакна Милески.

 

Според Милески испустниот вентил требало да се смени уште лани, а не да се чека толку долго време и на крајот истиот повторно и покрај целосното празнење на езерото да не поправии.

 

„Бидејќи нашите ниви се брдско-падински, без вода ова растение кај нас не може да вирее. Единствено може да вирее само во руралниот дел по селата, затоа што таму се врши и плодоред. Појаки се почвите и еден дожд до два најмногу има треба нив во јуни-јули и завршена е работата. Кај нас ланска година имаше доста врнежи и многу вода испуштивме, а јас пак ќе кажам доста тутунари идеа да прашаат зошто ја испуштаат водата. Ако стварно вентилот не можеа да го сменат, не знам за каков вентил се работи, јас знам дека Тутунски комбинат тој го смени пред 25-26 години. Како дошло до расипување, што дошло до расипување, толку време да не може да се смени, ни сам не можам да си објаснам. Сега Останува само надежта на Волково 1 и Волково 2, а тоа е по 100.000 метри кубни вода. Исклучиво за расадопроизводство ги користеше Тутунски комбинат. А што се тие 200.000 метри кубни вода, ништо. Во еден ден при јако наводнување, секогаш езерото се празнело, од она што сум го прател со стручните лица од Тутунскиот комбинат, се трошело во едно деноноќие по 100 до 150.000 метри кубни вода. И сега ако земеме со онаа вода што ја имаме, нема да стаса ни за еден ден за наводнување“, истакна Милески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи