ВИДЕО – Митрополит Петар : За разлика од државата МПЦ-ОА во никој случај не планира да го промени своето име

МПЦ-ОА во никој случај не планира да го промени своето име и покрај тоа што државата го смени уставното име во Република Северна Македонија. Синодот немал намера ништо повеќе да додава во уставното име на нашата црква. Ова денеска во Прилеп го изјави Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Петар. Според него ова било веќе многу јасен став за кој немало потреба повеќе да се дебатира.

 

 

„Па ние како Синод сме се изјасниле и јас немам намера ниту да давам подруги мислења, моите мислења и ставови не се поразлични од ставовите на светиот Синод и остануваме на сите тие ставови. Ако некој има подруго мислење од тоа, тоа е негово право, јас не го менувам ставот и мислењето на нашата света црква. Едно име имаме, така е песната. Ние не го менуваме, а друг дали ќе ни го смени или не, ние не можеме никому да му заповедаме, да му наредиме како ќе не вика нас, но ние ќе си се викаме така како што сме. Нашите ставови се јасни и конкретни, мојот став е конкретен и ништо повеќе околу тоа не би сакал да коментирам, бидејќи сето тоа станува веќе банално. Не сакам да да коментирам за работи кои станале банални“, изјави Митрополитот Петар.

 

Околу признавањето на МПЦ од страна на Цариград Митрополитот Петар рече дека тоа било на повидок доколку не се случело нешто неочекувано. Според правилата на црквата секоја суверена држава требало да има афтокефална црква, а МПЦ ги исполнувала сите услови за тоа.

 

„Ние се обративме до Цариградската патријаршија, со санвселенскиот патријарх и побаравме признавање на нашата света црква. Општо познато е на јавноста дека испративме писмо до таму и сега очекуваме одговор. Кога тие ќе се осмелат да испратат до нас писмо, или да дадат одговор, или не повикаат на званични средби, зашто досега сме немале званични средби. Во последно време средбите што биле досега се полузванични, или незванични и сега очекуваме званични средби, во Цариград, во врска со решавањето на статусот на нашата црква, односно конкретно за афтокефалниот статус на нашата црква, затоа што ние не сме отстапиле од ставот наш како црква дека бараме автокефалност на нашата црква, бидејќи ние сме биле автокефална црква, Охридската архиепископија, и таа автокефалност нам ни припаѓа, ни следува“, додаде Митрополитот Петар.

 

Најверојатно се преговара околу тоа да бидеме признаени како Охридска Архиепископија, но неизвесноста била голема.

 

„Како ќе биде признавањето од страна на Цариградската патријаршија тоа не зависи од нас, но знаеме дека досега сите цркви се признавани или според градовите, или се признавани според земјата, но тоа веќе не е во наша надлежност. Ние ќе инсистираме да бидеме признаени под нашето име, што не е случај досега со ниту една црква по етничка основа да биде признаена, туку се признавани еве да споменеме, Цариградската патријаршија, Александриска патријаршија, Ерусалимска патријаршија, Антиохиска црква, Атинска архиепископија, Московска патријаршија, што значи сите се по тој назив признаени црквите во Цариград, кај Цариградската патријаршија. Ние ќе инсистираме нашето признавање да биде како Македонска православна црква, но тоа конечно не зависи од нас, зависи од Цариградската патријаршија како таа ќе одлучи по тоа прашање и тука пред се ќе има секако разговори и во тие разговори ќе се види како ќе биде исходот од тоа. Но како и да биде, ние сме биле Охридска архиепископија и ја обновивме Охридската архиепископија и не можеме да бегаме од фактот дека сме биле и сме обновена Охридска архиепископија и Јустинијана прима, бидејќи станува збор за цркви кои биле на нашите простори, на просторите на Република Македонија“, изјави Митрополитот Петар.

 

Дали МПЦ ќе биде следната црква која ќе добие Томос за афтокефалија после Украинската црква, ќе покаже времето. Но едно е јасно дека овие потези на Вселенската патријаршија веќе предизвикаа големи потреси во Православниот свет, каде црквите се приморани да завземат страна. МПЦ по се изгледа ја одбра својата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи