Дваесет и четиригодишниот Д.Д. од село Големо Радобил управувајќи моторцикл „Хонда“ без регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот с. Големо Радобил-Прилеп, вчера околу пладне.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.