По синот во ЕЛЕМ, братот на Мира Стојчевска вработен во РЕК Битола

Facebook
Twitter
Email
Print

По скандалот кој настана откако синот на пратеничката од редовите на СДСМ Мира Стојчевска се вработи во ЕЛЕМ, денес протекоа информации дека и нејзиниот брат вчера се вработил во РЕК Битола. Целе Велевски е вработен со договор во подружницата РЕК Битола преку агенција за вработување и неговиот договор со Електрани на Македонија е во траење до 27 април.

 

Пратеничката Стојчевска по реакциите во јавноста изјави дека немала никакво влијание при вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ, зошто за тоа дознала откако тој се пријавил на огласот на компанијата. Се уште нема коментар за вработувањето на нејзиниот брат.

 

Непотизмот во последните вработувања во државните институции е се позастапен. Премногу е симптоматично сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања, за што има жестоки реакции во јавноста. Социјалните мрежи особено зовреа по изјавата на министерот Манчевски дека членовите на СДСМ предходно биле дискриминирани и немало што да прават, обидувајќи се да ги оправда контроверзните вработувања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи