Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Оделот за криминалистичка полиција при БЈБ , до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво”, предвидено и казниво во член 237 од КЗ на РМ и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање” по член 24 од КЗ на РМ а во врска со член 237 од КЗ на РМ.
На 25.12.2019 година околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило Форд Фиеста. Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот исто така им помагал со прикривање на возилото Форд, Фиеста и друга логистика.
М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО, информираат од СВР Битола.