ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Покрај децата на функционерите од СДС, сега за на ред за вработување се нивните миленици

Македонската јавност вчера сведочеше за непотизам од огромни размери какви што не се паметат во нашава држава. После изнесените информации низ медиумите за наводно вработување на синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, низ интернет порталите протече информација за наводно вработување и на нејзиното куче. Истакнаа на денешната пародија прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„За задоволство на целата јавност, денес тука до нас успеавме да го донесеме Џеки Стојчевски, кучето за кое вчера на големо се пишуваше низ интернет просторот. Како што може да забележите, станува збор за ултра паметно куче, добро ухрането од дебели патни трошоци, спремно да го даде својот придонес во општеството.

 

Прашуваме дали кучето Џеки како единствен подобен кандидат пријавен на огласот преку Агенција за вработување, кое ги има примено сите вакцини, куче кое има покажано одлична физичка спремност, дисциплина и кое успешно ги реши сите тестови со највисоко бодување е примено во гранична полиција? Или пак за истото е најдена работа во некоја друга државна институција?

 

Очигледно покрај децата на функционерите од редовите на СДС кои ги преплавија институциите, и нивните миленици заслужуваат чесно да си го заработат своето парче леб! Тезгаџиите, пензионерите, занаетчиите и сите останати ќе мора да го почекаат малку доаѓањето на животот, кој го ветуваа во изборната кампања“, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи